
Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал веќе не играат како порано, тие се бледа копија на она што се случуваше во белиот караван. Енди Мареј е фигура која годинава блесна. По освојувањето на Вимблдон, го одбрани златниот медал на Олимписките игри, ги освои турнирите во Пекинг и Шангај, со што Шкотланѓанецот ја потврди доминацијата.
Рафаел Надал во текот на годината беше искрен – призна:
– Големата четворка е стара. Сè е нормално, доаѓаат нови генерации кои сакаат да бидат во таа положба. Точно е дека бев повреден, а Федерер, Новак и Енди направија разлика во однос на другите.
Роже Федерер, најдобриот тенисер на сите времиња и освојувач на 17 гренд слем титули, почна да го плаќа данокот што му следи по крштеницата. Со 35 години, тој повеќе е повредени отколку што игра. Нема играно од Вимблдон и нема да излезе се до почетокот на 2017 година. Неговото тело веќе не може да го издржи гладијаторски начин на живот, и тоа е чудо тоа што досега не е повреден. За играчот за кој легендарниот Ник Болитијери вели дека е “дар од Господ”, оваа сезона готово пропадна поради повредата на коленото и на грбот. Тие почнаа да бидат интензивни.
Рафаел Надал е играч кој се “создаден” за да биде темпирана бомба на теренот. Но, кога нему ќе му “откаже”, еден дел од механизмот, тој едноставно не може да се врати на теренот. Оваа сезона е чист пример за тоа. Тоа не може да биде бикот од Мајорка, кој ја имаше онаа препознатлива негова игра, не е агресивен како и досега, но што е најважно, тој не е сосема здрав, и како таков не може да им се закани на противниците.
Новак Ѓоковиќ, како што изгледа, самиот го најавијас своето симнување од врвот. Како инаку би се толкувал зборот “трофеи од гренд слем и прв во светот повеќе не му се приоритет.” Ѓоковиќ совршено се грижи за своето тело и никој не може да го негира. Тоа е вистински феномен. Тој немал сериозни повреди до оваа година, кога го повреди лактот, а потоа и зглобовите. Неговата форма е во опаѓање, но даки може да ја заврши во сезоната и да го поправи впечатокот. Она што е сигурно е фактот дека Новак е еден од најдобрите спортисти кои светот досега ги видел.
– Во оглед на подготовките на Ѓоковиќ. Тој буквално животно – рече Болетиери.
Енди Мареј е само еден од големата четворка кој во последните три месеци постигна поголем успех. Можеби повеќето се согласуваат, иако и тој има проблем, тој не може да го победи Новак кога е во форма.
Стен Вавринка, се обидува да направи дар-мар и да се вмеша меѓу големата четворка, но неговиот проблем е тоа што не е константен. А според самото признание тој нема желба да биде како претходните летири тенисери. Тој секој може да ги победи ако е неговиот ден, тоа го покажа против Новак Ѓоковиќ.
Другите играчи не им се дораснати или треба да созреат.