Ништо од екстрадиција – ослободен Демири на Косово, осуден за петкратното убиство кај Смилковското езеро

од Vladimir Zorba

Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница распишана од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска е ослободен, потврди неговиот адвокат Бесник Бериша.

Земјава бара екстрадиција за Демири затоа што тој заедно со уште пет други е правосилно осуден на доживотна казна затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

„По приложените докази од одбраната и појаснетите аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето. Алил Демири сега е на слобода“, изјави неговиот адвокат Бесник Бериша, цитиран од „ТВ Шења“.

Вчера МВР соопшти дека полицијата на Косово, во соработка со македонската полиција во Косово го лишил од слобода Алил Демири врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР.

Слични содржини