Nissan повлече 150.000 возила поради „пропусти во тестирањето“

од desk2
81 прегледи

Јапонскиот автомобилски производител Nissan соопшти дека денеска ќе повлече околу 150.000 возила од домашниот пазар поради пропусти во тестирањето. Компанијата забележа неправилности кај тестирањето на овие автомобили и најави дека ќе ги повлече од безбедносни причини.

„Nissan неодамна забележа неколку неправилности кои можеби довеле до неточни оцени во процесот на тестирање“, пишува во соопштението издадено од компанијата.

Одлуката за повлекување на возилата се однесува на јапонскиот пазар а се работи за десет модели на Nissan, вклучувајќи ги новите Note и Leaf, кои се произведени од ноември 2017 до октомври 2018 година.

Компанијата потврди дека имале пропусти во тестирањето на кочниците, брзинометрите и останатите системи во автомобилите пред тие да бидат испорачани од една од домашните фабрики.

Nissan минатата година мораше да повлече повеќе од половина милион возила откако признаа дека завршните инспеции ги обавувале работници кои немале овластување за тоа. Ова е уште еден удар за јапонската компанија откако неодамна беше уапсен претседателот на компанијата, Карлос Гон, поради финансиски малверзации.

Слични содржини