Ниту едно од позитивните лица со делта сојот не е вакцинирано, велат од МЗ

од Nikola Popovski
175 прегледи

Министерството за здравство информира дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран „делта“ сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид-19.

Oд таму додаваат дека по направените анкети со пациентите било утврдено дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.

„Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на „делта“ сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот“, стои во писменото соопштение од министерството.

Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид-19.

„Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид -19“, потенцираат од министерството.

Слични содржини