Нивниот бакнеж е многу страствен: Како се бакнува секој хороскопски знак?

од Stefanija Kuzmanovska

Секоја врска започнува со бакнеж. Бидејќи секој почеток е малку тежок и стресен, добро е да знаете за какво бакнување да се подготвите. Како се бакнува секој знак на Зодијакот?

Овен: Нивниот бакнеж е многу страствен, ги користат речиси сите мускули на лицето, па ќе мора да „одморите“ откако ќе заврши сесијата за бакнување.

Бик: Го имитираат вашиот стил на бакнување за да биде во синхронизација со вас.

Близнаци: Нивните бакнежи се кратки и слатки, ве задеваат за да ве натераат да посакате повеќе.

Рак: Раковите се познати по меките, милувачки бакнежи по целото лице, кои се надополнети со нежни гризнувања.

Лав: Тие се диви, но и многу разиграни. Прво ќе ви ги бакне лицето и вратот, а на крајот ќе се префрли на вашите усни користејќи ги сите вештини на јазикот.

Девица: Не ги сакаат француските бакнежи, бидејќи им пречат бактериите, па претпочитаат да се бакнуваат „на блиц“.

Вага: Нежно ќе ве бакнуваат, испуштајќи звуци на уживање што ќе ве возбуди и вас но и нив.

Скорпија: Никогаш не се бакнуваат на конвенционален начин, затоа не очекувајте ништо досадно. Ќе бидат палави, па долго ќе размислувате за нивните бакнежи.

Стрелец: Нивниот стил на бакнување вклучува многу јазични дејствија, па можат да ве излудат.

Јарец: Прецизност е зборот што го опишува нивниот стил на бакнување. Тие се многу самоуверени и знаат што прават.

Водолија: Начинот на кој се бакнуваат е непредвидлив. Може да биде кратко и слатко или многу страсно, се зависи од нивното расположение.

Риби: Бакнежите на Рибите се длабоки, страсни и тоа го користат за да се поврзат со душата на партнерот. Значајните бакнежи се нивен заштитен знак.

Слични содржини