Нивниот брак беше совршен, се додека тој не ја изневери

373 прегледи

Седумгодишниот брак на Џастин Тимберлејк и Џесика Бел изгледаше совршено се до моментот кога тој беше фотографиран со колешката Алиша Вејнрат, како се држат за рака за време на едно вечерно излегување.

30-годишната Алиша беше видена како го допира за коленото пејачот, а потоа тој ја фати за рака и нежно ја милувал. Парот бил снимен околу полноќ како разговараат и пијат во еден бар во Њу Орлеанс на пауза од снимање на филмот „Palmer“ во кој глумат љубовници.

The Sun пишува деак 38-годишниот Џастин таа вечер бил пијан и доста нестабилен. Исто така, за време на вечерното излегување со колешката, Џастин не го носел својот венчален прстен.

По скандалот, папараците се труделе да ја уловат Џесика во јавност. Кога конечно се појавила, таблоидите пишувале дека таа изгледа „ужасно“ иако тоа баш не било вистина. На прашањето за неверството само се насмевнала. Сепак, тие забележале дека таа се уште го носи венчалниот прстен.

Засега, на оваа тема, не се огласиле нивните агенти.

Џастин и Џесика се запознаа во 2007 година на неговата роденденска забава. Неколку месеци подоцна јавно признале дека се во врска. Четири години подоцна прекинаа, но останаа пријатели. Набрзо сфатија дека не можат еден без друг, па се смирија неколку месеци подоцна. Се венчаа во 2012 година, а три години подоцна станаа родители.

Слични содржини