Резултатите од неодамна спроведена студија покажуваат дека нивото на интелектот на детето зависи од мајката. Гените кои го одредуваат развојот на интелектот се поврзани со Х-хромозом. Кај жените, тие се два, а кај мажите – еден.

При тоа некои од “гените на интелектот” работат само во случај кога се предадени од мајката, пишува The Global News. Додека кај наследување од таткото тие се “исклучуваат”. Гените на таткото заедно со клетките се акумулираат во лимбичкиот систем на главниот мозок, која одговара за расположението и инстинктите. Покрај тоа регулира и голем број на важни функции како сексот, гладот и агресијата. Мајчините клетки се акумулираат во кората на големиот мозок, каде се поставени когнитивните функции (меморија, размислување, перцепција и јазик.)
Нивото на интелектот сепак не секогаш се прејудицира од гените. Научниците од Универзитетот во Минесота тврдат дека децата кои имаат силна врска со мајката биле во можност да играат сложени симболички игри уште на 2-годишна возраст. Во случај кога имале дадени проблеми децата ги поднесувале полесно и помалку се вознемиривале. Друга студија тврди дека емотивно стабилните и внимателни мајки имале деца со голем обем на хипокампус – зона во мозокот одговорна за обуката, меморијата и одговорот на стресни ситуации.