Популарниот актер Бредли Купер на ја носи тутулата „женкар“ иако „љубеше“ многу холивуски славни убавици.

Списокот на актери и актерки кои носат вакви епитети е долг, но во ниту еден од нив не е содржано името на Купер, кој во моментов е еден од најпосакуваните ергени.
За неговиот љубовен живот се зборуваше многу во изминатата година, благодарение пред се на гласините за аферата со Лејди Гага иразводот со манекенката Ирина Шајк, но освен двете дами, Бредли е во контакт со многу повеќе познати личности.
Неговата прва голема љубов беше Џенифер Еспозито, со која се забавуваше во 2006 година. Со неа се разделија самодва месеци по венчавката.
Следната убавица на „листата“ на куперовите љубовници, беше актерката Изабела Брустер, со која беше во 2008 година. Тие беа заедно цела година, по што разделија како пријатели..
Кога се раздели со Изабела, Бредли не чекаше долго да најде нова девојка. Така во 2009 година се запозна со Рене Зелвегер. Со нејзе Купер беше две години, до 2011 година, кога објавија дека се разделиле поради недостаток на време да бидат заедно.

Купер тогаш побара утеха во прегратките на најголемата латино дива во светот – Џенифер Лопез. Сепак, и ова не траеше долго, туку неколку месеци, а според актерот, веднаш било очигледно дека нивната врска нема да трае долго.
2011 година се покажа како доста бурна. Истата година актерот се заљуби во актерка Зое Салдан, со која остана повеќе од една година.
Потоа, тој реши да ја испроба среќата со манекенки, паво својата листа ги додаде Британката Суки Ватерхаус во 2013 година.
Последна во низата девојките на Бредли беше Ирина Шајк, со која се разделија годинава.
Сега Бредли е во врска со Џенифер Гарнер, неговата долгогодишна пријателка, но дали гласините за нивната врска се вистинити или не, ќе покаже времето.