Низ објективот на Уеда

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Јапонскиот фотограф Соџу Уеда во минатиот век донесе нова поетика и гледиште на визуелниот израз. Инспириран од познатите сликари како Рене Магрит и уметникот Ман Реј, Уеда докажа дека фотографијата не е само симуларкум на реалноста, туку иницијално доживување на засебен момент во перспектива. Копозициски се истакнува со очигледна нарација, која крие егзистенцијални прашања на битието. Уеда не го искажува замислениот свет туку го креира мисловниот процес на еден рефлективен уметнички начин.