Низ времето…

од Vladimir Zorba
145 прегледи

На денешен ден  22 септември  

1241.- Исландскиот писател и историчар Стурулсон Снори, автор на најобемните саги за норвешките кралеви, бил убиен во атенат во кој учествувал и неговиот зет Гисур Торвалдсон. Убиството било нарачано од норвешкиот крал Хакон VI Хаконсон, бидејки Снори бил пречка за исполнување на неговите планови, вклучувајќи го и припојување на Исланд кон Норвешка, што му успеало во 1262 година.

1499.- Турската војска ја опустошила Венеција, бидејќи во големата поморска битка ја поразила нејзината флота.

1735.- Роберт Волпол бил првиот британски крал кој се вселил во резиденцијата во „Даунинг стрит“ број 10 во Лондон.

1789.- Руско-австриските сили под команда на рускиот војсководец Александар Суворов им нанесле тежок пораз на Турците во битката кај Римник.

1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. Тој го открил законот за електромагнетска индукција која стана научна основа на електротехниката. Потоа го открил и законот за електролизата, што станал основа на електрохемијата и законот за врската меѓу магнетното поле и светлината. Умрел во 1867 година.

1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле кралскиот дворец во Париз и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прокламирало република, со што бил создаден предуслов за спас на револуцијата и за одбрана на Франција од инвазијата. Истиот ден стапил во сила и новиот револуционерен календар.

1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дала целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, која барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.

1862.- Ото фон Бизмарк станал пруски канцелар.

1908.- Високата порта објавила дека Турција добива Устав и парламент, слобода на печатот и рамноправност на сите граѓани без разлика на верата. Уставот бил донесен под притисок на Младотурците.

1918.- Роден е мексиканскиот виолинист по потекло полски Евреин Хенрик Шеринг, еден од најголемите мајстори на виолини на сите времиња, кој темелно го развил класичниот и современ репертоар со извонредна техника и стилска култура.

1944.- Во една битка на партизаните против балистите кај селото Премка, Кичевско, откако била тешко ранета, умрела Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија. Родена била во Дебар, во 1927 година.

1946.- Во НР Македонија се одржале првите избори за Уставотворното собрание. По Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога се удрени темелите на новата македонска држава и по Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, во ослободената земја, како резултат на изборената национална, социјална, политичка и економска слобода, а врз основа на демократските принципи, биле одржани избори за првото во македонската историја – Уставотворно собрание, кое го донесло првиот Устав на НР Македонија.

1974.- Беше соопштено дека во ураганот кој ја зафати централноамериканската држава Хондурас загинале околу 5.000 луѓе.

1980.- Во Белград во присуство на 2.000 делегати од 150 земји било отворено 21. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

1980.- Почна отворениот судир меѓу Иран и Ирак. Ирачките сили навлегле во југозападниот дел на Иран,  со цел да воспостават контрола над стратешки значајната делта Шат-ел-Араб на влезот во Персискиот Залив.

1984.- Во Париз умрел Пјер Еманиел, истакнат француски поет. Бил долгогодишен претседател на францускиот ПЕН-клуб. Во 1963 година станал добитник на Гран при за поезија што му ја додели Француската академија, чиј член станал во 1968 година. Прво негово дело е „Гробот на Орфеј“, објавено во 1941 година, а последното објавено пред неговата смрт носи наслов „Големо дело“. Роден бил во 1916 година.

1991.- За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски – Чудотворец (опходот траел до 6 октомври истата година), патрон на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

1992.- Воспоставена била авиолинија Скопје – Москва.

1993.- Во Бали, Индонезија, Република Македонија била примена во Светскиот совет за енергија.

1996.- Австралиецот Боб Дент, болен од рак, станал првиот човек во светот кој извршил самоубиство врз основа на закон за евтаназија.  Медицински лица му помогнале со помош на смртоносна инјекција да изврши самоубиство.

2007.- Во Приз умрел Марсел Марсо (роден како Марсел Мангел), австриско-француски, односно светски пантомимичар. Роден бил во Салцбург, Австрија, на 22 март 1923 година.

Избор МИА