Швајцарската платформа за следење на квалитетот на возфухот „IQAir“ денеска го рангираше Њу Делхи како најзагаден град во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 495, рангиран како „многу опасен“.
Густата магла и студеното време го одложија денеска поаѓањето на возовите и летовите во неколку делови на северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.
Индискиот метеоролошки оддел издаде портокалова тревога за Њу Делхи, второто највисоко ниво на тревога, предвидувајќи густа до многу густа магла во многу области, пренесува Ројтерс.
Во изминатите денови, Скопје забележува значително подобрување на квалитетот на воздухот. Во моментов, според светската листа на 123 земји, македонскиот главен град се најде на 35-тото место, далеку од врвот на загадените градови, со индекс на загадување од 86. Ова е редок позитивен момент за жителите на главниот град, кои често се соочуваат со високо ниво на загаденост, особено во зимските месеци. Граѓаните изразуваат надеж дека некогаш трендот на подобрување ќе има, со посебен фокус на мерките на Градот Скопје и Општините во него за редуцирање на емисиите од индустријата, сообраќајот и домаќинствата.