323
Постојат силни докази дека ракетниот напад врз Константиновка, во источна Украина, во кој загинаа 15 цивили, бил грешка на украинската противвоздушна одбрана, а не руски напад, тврди Њујорк Тајмс.
Доказите собрани и анализирани од американскиот весник, кои вклучуваат ракетни делови, сателитски снимки, изјави на сведоци и објави на социјалните мрежи, силно сугерираат дека нападот бил резултат на погрешно насочена украинска противвоздушна ракета истрелана од системот Бук.
Ракетниот напад на 6 септември на Константиновка во источна Украина беше еден од најсмртоносните во последните неколку месеци, при што загинаа најмалку 15 цивили, а беа повредени повеќе од 30 други.