НОБ во мрак, СДСМ вели: Блокираната сметка е оставена од Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
222 прегледи

Огромни долгови, натрупувани со години од погрешно управување со НОБ на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и 2013 година се изворот на проблем кошто тие го имаат создадено, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека договорите на НОБ не се струја туку се за ненаплтени побарувања, нерелизирани барања од различни фирми и поединци кои биле ангажрани а не им било платено.

-Токму заради огромните долгови на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ спроведено е извршно решение и блокирана е сметата на НОБ.Од овие причии со блокирана сметка оваа национална установа не можела да ја подмири сметката за струја.Иако, единствен период во којшто заостанатите долгови се намалени е периодот во кој со оваа институција раководи актуелниот директор.Надлежните институции ќе пронајдат соодветно решение за новонастанатата ситуација.Но, последни кои имаат образ да зборуваат за овој долг е оние кои го направија, ВМРО-ДПМНЕ, Дурловски и нивните кадри, соопштија од владејачката партија.

Во четвртокот се изгаснаа светлата на Националната опера и балет. Струја нема, сметката е блокирана, но сепак сега никој не прави проби таму поради колективните одмори на уметничките ансамбли.

Според НОБ, долгот не е подмирен оти сметката на оваа национална установа е блокирана поради спроведување извршно решение од 2012-2013, за 4,12 милиони денари, односно околу 67.000 евра.

Слични содржини