Нобеловецот Стиглиц: Грчкото сценарио може да се повтори во други земји

од desk3
104 прегледи

Случувањата во Грција наскоро може да се повторат и во други земји, смета Нобелововецот за економија Џозеф Стиглиц.

Image_4882172_407

“Грција стана арена на битка помеѓу идеите и финансиската моќ. За жал, денес Грците се обврзани да си имаат работа со Тројката кредитори, чиј трет меморандум ја зголемува нееднаквоста и е наменет против сиромашните”, изјави Стиглиц на симпозиум на островот Крф, организиран од Фондацијата на Андреас Папандреу.

Нобеловецот, познат по левите разбирања и кој е почесен гостин на форумот, истакна дека слична битка меѓу големиот капитал и обичните луѓе, се води во моментот и во неговата татковина САД. “Кога се случи рекапитализацијата на банките по крахот на Lehman Brothers, зборував дека ова е шанса да биде земен под контрола банкарскиот систем, за да се стабилизира работењето на банките”.red pred bankomat

“Но, Обама рече:” Не! Треба да ги спасиме банките, за да можат тие да ги вршат рабоотите што се ги правеле досега “. И гледаме како тоа трае веќе 5 години. Се повеќе изманипулирани пазари, се повеќе злоупотреби. Секој ден кога ќе го отворите” Фајненшал тајмс “или друг сличен весник , читате за нов банкарски скандал.

“Сепак постојат се ‘поголеми напори со цел промена во економската политика, за повеќе правда при распределбата на добрата и против зголемување на неправдата. Токму таква битка се води денес во Грција. Но за жал, она што се случува тука е предуслов да се случи истото и на друго место “.