308
Претседателот Стево Пендаровски попладнево со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ги одликува нобеловецот и еден од најзначајните светски професори по економија, научник, иноватор и креативец Пол Кругман и Стопанската комора на Северна Македонија, која годинава одбележува 100 години постоење како институција каде се обединуваат и застапуваат интересите на стопанствениците.
-Успесите на Стопанската комора на Северна Македонија, секако се и дело на нејзиниот долгогодишен претседател. Многубројните домашни и меѓународни признанија сведочат за квалитетната работа и постигнатите резултати на Бранко Азески, кому денеска му беше доделена Повелба на Република Северна Македонија, посочи Пендаровски во својата објава.