Голманот на Баерн (Минхен) Мануел Нојер го коментираше испаѓањето на тимот во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Баварците одиграа 1:1 дома со Виљареал во реваншот и го напуштија турнирот по поразот од 0:1 на шпанска почва. Во полуфиналето на турнирот Виљареал ќе игра со победникот од двојката Ливерпул – Бенфика. Англискиот гигант го доби првиот меч со 3:1 како гостин.
„Сите на стадионот дадоа се од себе за да се квалификува Баерн во полуфиналето, вклучително и навивачите на трибините. Тоа го отежнува прифаќањето на поразот“, изјави Нојер.
„Генерално не го загубивме судирот. Имавме 4 добри шанси за гол. За жал не го постигнавме втори гол, тоа е се што пропуштивме. Во доцната фаза од натпреварот дозволивме гол позиција пред нашата мрежа. Генерално доминиравме“, додаде Нојер.