Двајца браќа од Скопје, С.С. (28) и С.С. (31), се приведени рано изутрина по насилен инцидент што се случил во семејниот дом во населбата Бит Пазар. Случајот започнал на 29 мај, околу 20 часот, кога по семејна расправија, помладиот брат С.С. (28) физички го нападнал неговиот постар брат Б.Р. (32). Нападот бил пријавен во полиција, но ситуацијата подоцна се влошила. Околу 00:10 часот по полноќ, пријавениот С.С. се вратил во домот заедно со неговиот постар брат и уште неколку лица.
Тие насилно влегле во куќата и започнале напад врз Б.Р. и други членови од семејството. Според изјавите, во нападот биле користени тврди и остри предмети, што предизвикало дополнителна вознемиреност. Полицијата реагирала веднаш и ги лишила од слобода двајцата браќа, а се работи на идентификација и на останатите учесници во нападот. Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.