Два случаи на пожар на автомобили, од кои едниот бил подметнат, биле пријавени ноќеска во СВР Скопје
Во едниот случај, во Идризово, станува збор за подметнат пожар.
Имено, во 3.40 Љ.В.(58) од селото Идризово пријавил дека од страна на две лица со запалива течност било опожарено патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на неговиот син, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.
Од страна на пријавителот пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во вториот случај, околу 3.27 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.К.(58) од Скопје.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.