Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Ново село, три лица повредени во сообраќајка

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село откако патничко возило излетало од патот во близина на клучката кон село Сачево.

Според информациите од СВР – Струмица, повредените се пренесени на лекување во струмичката болница, а увидот на местото на сообраќајката завршил пред малку.

Заради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин околу еден час и се пренасочуваше по локален спореден земјен пат.

Во 14.55 часот сообраќајот е нормализиран на магистален пат Струмица-Ново Село, на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачево.

Слични содржини