Норвешка: 23 лица ПОЧИНАЛЕ откако ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА против корона

од Stefanija Kuzmanovska
477 прегледи

Во Норвешка 23 лица починале откако ја примиле вакцината од американската компанија „Фајзер“ и германскиот стартап „Бионтек“, објави норвешката агенција за лекови.

Според извештајот на Норвешката агенција, сите смртни случаи биле забележани кај лица постари од 80 години и со послаб имунитет.

– Овие случаи не треба да предизвикуваат тревога, јасно е дека вакцината има мал фактор на ризик со неколку исклучоци, кога станува збор за постари пациенти со послаб имунитет – изјави претставникот на норвешката агенција Стеинар Мадсен, пренесува телевизијата НРК.

Со цел да се избегнат овие инциденти во иднина, Норвешкиот институт за здравство ги промени препораките за вакцинација на постари пациенти кои исто така се хронични пациенти.

Новите упатства наведуваат дека контраиндикациите на вакцината можат да предизвикаат сериозни последици, особено кај постарите лица.

Слични содржини