Норвешка е земја со најмногу продадени електрични возила во светот – дури 48,4% од сите нови продадени автомобили во првата половина од годинава биле на електричен погон.
Во целата 2018 година, процентот на електричи возила во вкупниот број нови продадени изнесуваше 31,2%, покажуваат податоците од Норвешкиот сообраќаен сојуз.
Во своите намери до средината на следната деценија да ја прекине целосно продажбата на дизел и бензинци, Норвешка ги ослободува купувачите на возила со електричен погон од плаќање високи даноци, а нуди и други поволности како попуст при плаќањето патарини.
Најпопуларни брендови на електрични возила во Норвешка се Teslа, Nissan, Hyundai и BMW, и тоа исклучиво се бараат моделите само на електричен погон, а не хибриди.
Најпопуларен модел за купувачите во Норвешка е Teslа Мodel 3.
Во јуни годинава биле продадени 3.760 Teslа автомобили, што е 24,5% од вкупната продажба.
Брендовите кои немаат електрични возила во нивната понуда, Ford и Mercedes-Benz, забележаа пад во продажбата во Норвешка.
Меѓународната агенција за енергетика наведува дека уделот на Норвешка во глобалната продажба на елетрични автомобили уште во 2017 година изнесувал 39%. На второ место бил Исланд со 12%, а на трето Шведска со 6%.