Норвешка од 1 јануари 2020 година ќе дозволува двојно државјанство

од Aleksandar Petrovski

Норвешката Влада од 1 јануари 2020 година ќе го дозволува двојното државјанство. Странските државјани кои ги исполнуваат условите ќе можат да добијат норвешко државјанство без обврска да се откажат од постојниот пасош и државјанство.

Норвежаните, воедно, ќе можат да поднесат барање за државјанство во други земји, без да се откажат од своето.
„Со овозможување на двојното државјанство ќе обезбедиме норвешкиот закон да го следи развојот во глобализираниот свет, во кој сѐ поголем број луѓе имаат некоја врска со повеќе земји, пред новинарите изјави норвешкиот министер за образование и интеграција, Јан Торе Санер“, пишува агенцијата Анадолија.
Норвешкиот Парламент, Стортингет, минатата година го усвои предлог законот за дозволување двојни државјанства.
Покрај тоа, Норвежаните кои од порано се откажале од државјанството за да земат некои друго сега имаат можност да си го повратат норвешкото државјанство.

Слични содржини