Норвешки брод спаси 503 бегалци

од desk2

Норвешки брод во осум операции спасил 503 бегалци од Средоземно Море во осум операции, кои се изведени во последните три дена, соопшти денеска норвешката полиција.

Во соопштението се наведува дека се спасени 358 мажи, 29 жени и 116 деца, вклучително и бебиња, кои патувале од Либија со гумени и дрвени чамци. Голем број од нив биле повредени, некои имале прострелни рани, некои изгореници, а дел повреди на главата.

Две лица, за кои постои сомневање дека се кријумчари приведени се и се предадени на италијанските власти.

Норвешките бродови од 2015 година спасиле 59.000 бегалци и мигранти во Средоземно Море.

Слични содржини