Норвешки филмови во Кинотека

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ Скопје од денеска до вторник од 18 часот во Кинотеката на Макединија ќе прикаже три филма од најновата продукција во Норвешка.

Денеска ќе биде прикажан „Кон-Тики“ на Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг, утре – „Во случај на исчезнување“ на режисерот Ханс Питер Моланд и задутре – „Бранот“ на Роар Утхог.

Програмата „Фокус на Норвешка“ беше дел и од  содржината на „Киненова“ кој се одржа во октомври. Се работи за прво претставување на норвешката кинематографија во Македонија