Норвежаните имаат тајна, што ќе ви помогне да ја „преживеете“ зимата

од Vladimir Zorba

Комбинацијата на коронавирус, грип, студено време, пократки денови и поминување време во затворена просторија е загрижувачка за некои луѓе. Здравствените работници се загрижени за тоа како ова ќе влијае на менталното здравје на луѓето. Имено, според истражувањето на Центарот за контрола и превенција на болести од август, 41 процент од испитаниците се соочиле со некој проблем со менталното здравје поради пандемијата.

За жителите на норвешкиот град Тромсо, долгата и изолирана зима не е ништо ново. Од средината на ноември до средината на јануари нема сонце.

Пишувајќи за „Гардијан“, Дејвид Робсон неодамна ја профилираше Кари Лајбовиц, психолог кој го посети Тромсо за подобро да разбере зошто нејзините жители се прилично задоволни и покрај ниските температури и недостаток на сончева светлина.

Она што го откри Лајбовиц е дека жителите на Тромсо не се плашат од поларната ноќ, напротив, тие се радуваат на неа. Наместо да размислуваат негативно, тие размислуваат за работите кои ги утешуваат. Луѓето со кои разговарала велат дека уживаат во одредени аспекти на зимата, времето што го поминуваат во затворено и сезонските промени. Оние кои сметаа дека зимата е здодевна и / или ограничувачка, беа повеќе несреќни.

Лајбовиц истакна дека жителите на Тромсо со нетрпение очекуваат скијање и опуштање под ќебе. Наместо да се чувствуваат ограничени, тие одлучија да го ценат она што им е на располагање.

„Повеќето луѓе не сфаќаат дека нивното искуство е субјективно. Тие се чувствуваат како луѓе кои ја мразат зимата и мислат дека ништо не можат да сторат. Но, штом им објасниш и сфатат дека имаат контрола над нивниот начин на размислување, сè се менува“, вели Лајбовиц.

Кога ќе почнете да размислувате за зимата како сезона полна со потенцијал, можеби и вие ќе го најдете потребниот мир.

Слични содржини