Носам целосна одговорност за грешките што беа направени додека бев премиер, кажа Црвенковски

од Берта Китинска

Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски во почетокот на своето излагање, на дебатата на МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“, се осврна и на почетоците на независноста и неговите години како премиер при што рече дека прзнава дека имало и грешки, осврнувајќи  се на преминот од социјализам кон комунизам и за приватизацијата, за што рече дека  не биле создадени механизми за заштита на интересите на малите акционери во фирмите што се приватизираа.

-Транзиција во негативна смисла се сведува на негативен призвук. Во Југославија се донесе одлука да се напушти социјализмот и да се гради капитализмот, некои претпријатија одлучија мнозински да се приватизираат уште додека бевме во рамките на Југославија по законот на Анте Марковиќ. Сите вработени со големи попусти и рати да станат сопственици на акции во своите фирми. Тоа изгледаше праведно. За жал многу често тоа не беше случај. Во многу претпријатија под притисок и уцена да не ги заагубат своите места, ги отстатпуваа своите акции на менаџерите, а ние не создадовме механизми за заштита.Со ова знаење и искуство што го имам сега секако дека јас лично многу работни би направил поинаку. Носам целосна одговорност за грешките што беа направени додека бев премиер. Но во политиката, како и во животот не постои времеплов, кажа Црвенковски.

Слични содржини