Носителот на советничката листа кој учествуваше во инцидент во Стајковци пуштен дома

од desk4
107 прегледи

Вербален инцидент на граница да премине во физички – носител на советничка листа денеска во Стајковци нападнал член на избирачкиот одбор со закани и пцости.

Инцидентот се случил веднаш по завршување на гласањето на болни и изнемоштени лица. Учесниците во инцидентот меѓу кои и носителот на советничка листа, беа повикани на информативен разговор во полициската станица во Автокоманда.

Додека траеше распитот пред станицата се собра група на поддржувачи на носителот на листата. Тие не сакаа да зборуваат пред камера за тоа што се случило во Стајковци. Ја предупредија екипата на ТВ 24 да не се обиде да ги снима.

Откако заврши распитот на носителот на советничката листа кој учествуваше во инцидентот во Стајковци, тој беше пуштен дома, а неговите поддржувачи го поздравија и се фотографираа со него. Од МВР денеска соопштија дека нема да дозволат какво билоо инциденти да наштетат на изборниот процес.

„Денеска околу 14 часот во полициска станица е пријавено дека имало вербална расправија помеѓу член на избирачки одбор и носител на советничка листа од една партија. Полицијата веднаш излезе на терен и се работи на расчистување на случајот. Политичките партии и нивните следбеници да се воздржуваат од било какви нарушувања на јавниот ред и мир затоа што на кој било кој начин ако биде нарушен изборниот процес МВР енергично ќе реагира, изјави Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Освен во Стајковци, партиските активисти денеска со пријави и за искршени штабови, обиди за поткуп и злоупотреба на пропаганден материјал. Во МВР е пријавен и инцидент во Здружението на глуви лица. Според пријавата им се заканувале лица од една партија дека доколку не гласаат за нив ќе им го прекинат финансирањето на здружението.