Нов АСНОМ: Останувањето на премиерот во Скопје, само и дава поттик на Бугарија да ги крши основните човекови права на Македонците

од Берта Китинска
377 прегледи

И покрај неиздавањето на дозволата за отворање на клубот „Никола Вапцаров“, членовите на клубот заседаваат и се собираат во истиот, велат од здружението „Нов АСНОМ“ во разговор за „Локално“.

Според нив со одбивањето за присуство на отворањето на клубот од страна на градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов се демонстрира нетрпеливост спрема Македонците од Бугарија, додавајќи дека тој е на истата страна како и бугарската држава која има 14 пресуди за кршење на основните човекови права на Македонците во Бугарија.

-Го повикуваме градоначалникот на Благоевград со отворен и пријателски ум да дојде на прославата за отворањето на клубот на 30 октомври и да ја почувствува пријателската атмосфера на Македонците од Бугарија кои се на страната на правдата, правото на зачувување на нивните културни, јазични и етнички обичаи во бугарското општество и не сакаат да и наштетат на бугарската држава, туку сакаат да бидат дел од истата во склоп на владеењето на Европското право. Правото на здружување кое едно од темелните вредности на ЕУ зацртано во Членот 2 од договорот на ЕУ, Бугарија во моментов ги крши едно од темелните вредности на ЕУ. За жал ЕК до сега не реагира на ова и поред новите законски основи кои ги има, објаснуваат од здружението.

Од Нов АСНОМ потенцираат дека одлуката на премиерот на 30 октомври да остане во Скопје, само и дава поттик на „бугарската држава во континуитет да ги крши основните човекови права на Македонците во Бугарија“.

-За жал со останувањето на премиерот Димитар Ковачевски во Скопје, само и дава поттик на бугарската држава во континуитет да ги крши основните човекови права на Македонците во Бугарија. Од друга страна, ова е потврда дека оваа држава наречена Северна Македонија воопшто не се грижи за Македонците каде и да се и дека нам ни треба нова држава каде што Македонците ќе си ја чувствуваат како своја. Останувањето на премиерот Ковачевски во Скопје е доказ за штетноста на т.н договор за Добрососедство со Република Бугарија каде што во точка 11 алинеја 5, нашата држава се обврзува да не се меша во внатрешните работи на Р. Бугарија кога се работи за барање на било какви малцински права. Во исто време Р. Бугарија и се даваат одврзани раце да ни диктира услови за малцинските права на Бугарите во Македонија, сметаат од Нов АСНОМ.

На прашањето дали очекуваат проблеми по отворањето на клубот , налик на оштетувањата на бугарските клубови во Македонија, од здруженитео велат дека „проблеми ќе има во иднина, само прашање е какви тие ќе бидат и кога ќе се појават“.

-Невладеењето на правото во Бугарија им дава на право на разни поединци или организации кои се противници на Македонците во Бугарија да прават проблеми знаејќи дека нема да има казнивост против нинвите постапки кои се насочени против етничката македонска заедница во Република Бугарија, подвлекуваат од здружението.

На отворањето на „Никол Вапцаров“ присуство најавија лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Мицкоски објасни дека оди во Благоевград за да виделе Македонците кои живеат во Бугарија дека некој во нивната матична држава се грижи за нив.

-Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, кажа Мицкоски.

Премиерот Ковачевски и дефинитивно в недела останува во Скопје

„Во недела нема да бидам во Благоевград , нема да оди ни партиска делегација на СДСМ“,кажа премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

-И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Минситерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската влада, изјави премиерот.

Тој додаде дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубовите кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.

-Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствуа и македонската Влада, рече Ковачевски.

Меѓуврем МНР и Бујар Османи проверуваат кој стои позади македонскиот клутурен центар во Благоаевград.

Османи во специјалното интервју за БТВ објасни:

„Слушнав за тоа, се уште испитувам кој стои позади тоа, така што треба да се види и тука кој стои позади клубовите тука кои се отвораат, без да се внимава на сензитивноста на одредени прашања, без да се обидат тие клубови да бидат во функција на бугарската заедница, кој стои позади клубот на македонска заедница во Бугарија за да видиме дали навистина се добронамерни од двете страни или тоа е нечија агенда“.

Клубот ќе биде отворен на 30 октомври во Благоаевград.

Б.М.

Слични содржини