Владата го зголеми долгот за нови 3,18 милиони евра. На денешната аукција беа понудени и купени обврзници кои по 3, 10 и 15 години ќе се враќаат со камата од 2,65 % до 4%, наспроти досегашната пракса банките да бидат главните купувачи на хартиите од вредност, денеска тие во 100 % износ беа купени од фирми и поединци

По основ на допсеани долгови утре на домашните кредитори и банки треба да им се врати долг од 440 милиони денари или 7,15 милиони евра. Денешната аукција беше втора планирана за овој месец а до крајот на годината ке се одржат уште 10.
Владата за оваа година најавуваше дека ќе се задолжи за 84,3 милиони евра но, со ребалансот сумата ја зголеми на 383 милиони евра.
На почетокот на септемрви долгот се зголеми за 7,4 милиони евра. Тогаш фирмите откупија 63,3 % од вкупно понудените обврзници.
Ваквите бројки покажуваат дека по претпоставка дека Македонија нема 2 милиони жители, како резултат на јавниот долг секој од нив должи околу 2000 евра. Ваквата состојба, економистите ја оценија како апсурдна и неодржлива политика на власта која мора да запре бидејки за 10 или 15 години за колку владата се почесто се задолжува, парите ќе ги вракаат нашите деца. Се задолжува за пензии, плати. Испуштена од раце фисклана политика, политика на преживување на власта.
Јавниот долг според податоците на Минисерртвото за финанссии изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7 % од БДП.