Нов гаф на Бајден: Рече дека син му го загубил животот во Ирак (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нов гаф кога во говор во американската сојузна држава Колорадо рече дека неговиот син, кој почина од тумор на мозокот во мај 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

„Само замислете. Го велам ова искрено. Го велам ова како татко на човек кој доби Бронзена ѕвезда, медал за истакнати заслуги, и кој го загуби животот во Ирак“, рече Бајден.

Видеото од неговиот говор во воениот камп Хале го објави извесен Вендел Хусебо, кого на Твитер, меѓу другите, го следи и Ричард Гренел, поранешниот амбасадор на САД во Германија.

Слични содржини