Стратешкиот проект за граничниот премин Клепало меѓу Струмјани и Берово ќе обезбеди уште една врска меѓу двете земји и ќе помогне во развојот на економската соработка и туризмот меѓу Македонија и Бугарија.
Бугарскиот вицепремиер и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караѓов и неговите македонски колеги, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и локална самоуправа Горан Милевски се договорија да се забрза работата на граничниот премин.
Министрите учествуваа на состанокот на работната група „Инфраструктура, транспорт, поврзаност“ во рамки на владината средба меѓу двете земји.
Изградбата на новиот граничен премин ќе биде финансирана со 10,3 милиони евра од Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија во периодот 2021-2027 година.
Министрите ги наведоа чекорите за забрзување на изградбата на граничниот премин Клепало. Првиот официјален состанок на Мешовитата експертска комисија за утврдување на неговите параметри се очекува до крајот на февруари.