Нов хакерски напад- искористена грешка во „Виндоус“!

од Vladimir Zorba
84 прегледи

  Хакерите одговорни за вчерашниот напад искористиле грешка во оперативниот систем Виндоус да упаднат во мрежи на компании ширум светот. Се смета дека напаѓачите ја искористиле хакерската алатка ЕтерналБлу која наводно потекнува од Националната безбедносна агенција на САД (НСА), објави Си-Ен-Ен.

Хакерската група Шедоу брокерс ја објавија таа алатка во април 2017 година на интернет.

Цел на ЕтерналБлу била да се искористи ранливоста во ОС Вондоус и да се нападне т.н. shared message block односно слот што опишува работа на апликација во мрежа и нивна интеракција со сервери и протоколи од пониски слоеви. Тоа во суштина се користи за заеднички пристап на корисник до фајлови, печатари и сериски порти во една мрежа.

Новинар на Форбс го нарече ЕтерналБлу како – кибер оружје што НСА го користи за свои хакерски напади.

По нападите на ВонаКрај од мај оваа година, компанијата Мајкрософт издаде „закрпи“ за ранливост кои хакери ги искористиле да упаднат во компјутерски мрежи за време на нападот, но недоволен број луѓе го ажурирале својот ОС и слабоста не е искоренета.

Тоа се случило и во вчерашниот напад со „петја“ вирусот што е сличен на ВонаКрај вирусот што го заклучува компјутерот и од корисникот бара откуп за пристап до фајлови. Разликата е во тоа што „петја“ вирусот не ги инфицира фајловите еден по еден туку оневозможува комплетен пристап до компјутерот додека не се плати откупот.