Нов холивудски хир: Раперот кој е познат по многуте имиња – повторно ќе го промени прекарот

од desk4
118 прегледи

Раперот Шон Диди Кумс, исто така познат како Паф Деди и Пи Диди, изјави дека на 48-от роденден, ќе се вика брат Лав, соопшти Контактмјузик.

Тој, овој за него вообичаен потег го најави на Твитер.

Според неговите зборови, чекорот бил ризичен, но тоа било диктирано од фактот дека тој повеќе не го чувствувал истото лице.

Раперот објасни дека веќе нема да одговара на имиња како Паф, Диди, Паф Дади или на други негов псевдоним, туку само на Лав или на брат Лав.

Музичарот стана познат во 1997 година како Puff Daddy, но веќе следната година почна да настапува со првите две имиња, Пи Диди.