Нов инцидент на ЕП: Знаме на УЧК на трибините!

од Nikola Popovski
748 прегледи

Нов скандал се случи на Европското фудбалско првенство, поточно на натпреварот меѓу Швајцарија и Германија, кога беше истакнато знамето на сепаратистичка и терористичка организација УЧК. Знамето беше поставено зад едниот гол на стадионот во Франкфурт, на трибините каде што се наоѓаа навивачите на Швајцарија.

Позната е длабоката врска меѓу Косовците и швајцарската фудбалска репрезентација за која настапуваат Гранит Џака и Џердан Шаќири, кои се по потекло токму од нашиот северен сосед.

Претходно вчера, Етичко-дисциплинската комисија на УЕФА одлучи повторно да го казни Албанскиот фудбалски сојуз во износ од 47.500 евра за инцидентите што се случија на натпреварот од второто коло на Европското првенство против Хрватска, одигран во Хамбург.

Како што информираат од ФС Албанија, казната ја предизвикале некои албански навивачи, кои палеле факели за време на натпреварот, скандирале недолични пароли, како и поради прекин на натпреварот со влегување на самиот терен.

Покрај тоа, УЕФА го суспендираше и албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку на следните два натпревари поради навреда на македонскиот и српскиот народ. Играчот на руски Рубин од Казан зеде мегафон по ремито 2-2 на Албанија со Хрватска во средата и извика:„Е*и ги Македонците…, е*и ги Србите…“.

Станува збор за фудбалер кој на грбот има тетоважа на терористот на ОВК, Агим Рамадани. Даку е роден во градот Гњилане.

Слични содржини