Павел Пригожин (25), син на неодамна загинатиот водач на руската воена формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин, презема чекори да ја преземе командата на воената група, соопшти американскиот Институт за проучување на војната ISW.
Тој, наводно, е во разговори со руската национална гарда, Росгвардија, за враќање на „Вагнер“ во борбата во Украина, соопшти Институтот, цитирајќи Телеграм канал поврзан со групата, објави „Скај њуз“.
After the death of Prigozhin, his son Pavel became the head of the PMC Wagner. Pavel Prigozhin is negotiating the return of the Wagner PMC under the leadership of a council of commanders to the zone of the SMO to participate in battles in one of the most difficult sectors 🫡 pic.twitter.com/FQ67NSQhwl
— Roberto (@UniqueMongolia) October 1, 2023
Ова укажува дека некои членови на „Вагнер“ се заинтересирани да се соберат околу алтернатива која е поврзана со Пригожин.
Институтот цитираше извор од „Вагнер“ кој известува дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучувале паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување.