Нов кандидат ќе се обиде да собере 10.000 потписи за претседателската трка

од Nikola Popovski
448 прегледи

Државната изборна комисија информира дека во текот на вчерашниот ден уште еден кандидат се пријавил за собирање потписи, во обид да влезе во претседателската трка. Извесен Гоце Ристов ја доставил својата иницијатива.

-Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата, објавија од ДИК.

Според последниот пресек, Ристов се уште нема ниту потпис. Тој е 14-тиот кандидат кој ќе се обиде да влезе во трката за шеф на државата.

Во однос на претходните кандидатури, веќе 7 кандидати влегоа во претседателската трка. Прв до 10.000 потписи стигна Бујар Османи по што следеше Арбен Таравари, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Се уште потписи собираат кандидатите Вело Марковски и Мерсиха Смаиловиќ. Собирањето на потписи трае до 8-ми март.

Изборната кампања почнува на 4-ти април, но, дел од кандидатите веќе имаат интензивни активности на терен. Во меѓувреме, ДИК побара да се направат промени во Изборниот законик за да може да се гласа и со стари важечки документи.

Слични содржини