Нов лек кој би можел да им помогне на пушачите полесно да се откажат од пушењето

од Stefanija Kuzmanovska
542 прегледи

Новиот лек за помош на луѓето кои сакаат да се откажат од пушењето, развиен од Achieve Life Sciences, покажа ветувачки резултати во доцните фази на испитувања, велат истражувачите.

Во 17 медицински центри, 810 пушачи биле по случаен избор назначени да примаат орален лек, цитисиниклин, три пати на ден во период од шест или 12 недели, или плацебо.

Учесниците кои земале цитисиниклин доживеале брзо и одржливо намалување на желбата и нагонот за пушење во текот на првите шест недели од третманот, според извештајот објавен во списанието JAMA.

По 24 недели, кога учесниците не земале лек најмалку три месеци, стапката на апстиненција била 21,1 отсто во групата од 12 недели и 8,9 отсто во групата со шест недели. Тоа во споредба со 4,8 проценти и 2,6 проценти за плацебо групата на 12 и шест недели.

Во 24-та недела, едно дополнително лице се откажало од пушењето на секои шест лица во групата која го земала лекот во траење од 12 недели и едно на секои 11 лица во групата која го земала лекот во траење од шест недели, процениле истражувачите.

Ефектите на цитисиниклин се слични, но не се идентични со Pfizer’s Chantik (варениклин), кој моментално е најефикасен во САД. Според извештајот, тој лек за откажување од пушење е одобрен од ФДА.

Постојат ниски стапки на типични несакани ефекти како што се гадење и несоница, велат истражувачите, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини