Нов напад на аеродром во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Аеродромот во руската област Курск, на границата со Украина, бил цел на напад со дрон, соопшти утринава гувернерот Роман Старовојт.

„Во напад со дрон во областа на аеродромот Курск, се запали резервоар за складирање нафта. Немаше жртви“, изјави гувернерот на социјалните мрежи.

Министерството за одбрана на Русија синоќа соопшти дека руската армија соборила украински беспилотни летала кои нападнале две руски воздушни бази при што загинале тројца војници.

Слични содржини