Нов напад со ХИМАРС врз Русите, десетици мртви

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Голем број руски војници се убиени откако биле погодени од нешто што изгледа на HIMARS. Тоа е втор ваков напад за само неколку дена. Да потсетиме, на почетокот на неделава беше објавено дека над 65 руски војници кои биле на обука загинале во регионот на Доњецк кога биле погодени од HIMARS.

Нов напад се случил во средата во регионот Херсон. Украинскиот проект OSINT DeepState објави дека нападот бил извршен на полигон лоциран во близина на селото Подо-Калинивка во окупираниот Херсон. За истото место на напад зборува и рускиот сервис на Би-Би-Си, повикувајќи се на извор во украинските специјални служби.

На Телеграм каналите кружи непроверено видео кое наводно го прикажува моментот кога биле погодени руските војници. Newsweek побара коментар до руските и украинските власти.

Украинскиот весник „Зеркало Недели“ објави дека во овој напад загинале најмалку 60 руски војници. Кремљ не го коментираше инцидентот.

„Уште еден украински HIMARS/GMLRS напад врз Русите собрани на полигонот, овој пат во Херсон“, напиша Џими Раштон, аналитичар за надворешна политика и безбедност од Киев. „Јасно се гледаат значителен број жртви“, додаде тој.

Наталија Хуменјук, портпаролка на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили (АФУ), на телевизискиот канал Киев24 објави дека АФУ нападнала полигон на левиот брег на реката Дњепар во близина на Херсон.

Таа се повика на споменатата снимка и потврди дека загинале најмалку 60 руски војници. Станува збор за, како што наведе, војници од 328-от јуришен полк и 810-та одделна поморска гардиска бригада. Сепак, таа не спомна за кое оружје се работи.

Слични содржини