Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешни прашања на која излагање за остварување на меѓународната политика треба да има министерот за надворешни работи Никола Димитров. 
Комисиската седница првично беше закажана за вчера, но и по два обида да започне, беше одложена откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали што како Комисија ги побарале и ги добиле од Претседателот на РМ. Според мего, тие се многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред.