Во македонското Собрание денеска треба да продолжи со работа Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

raka

Претседателот на Анкетната комисија , Петре Шилегов вчера повторно го одложи продолжението на седницата на која што требаше да биде донесен Деловникот за работа на Комисијата.

Шилегов појасни дека разговорите меѓу пратеничките групи во однос на спорните прашања од Предлог – деловникот се уште траат, дека остануваат спорни уште само две прашања и оти се надева дека ќе биде постигнат конечен договор

Слични содржини