107
Бројот на загинати во разорните земјотреси на југот на Турција се искачи на 39.672, соопшти турското министерство за внатрешни работи, а пренесува „Анадолија“.
Во соседна Сирија, која претходно беше уништена од дванаесетгодишната граѓанска војна, досега во земјотресот животот го загубија повеќе од 5.800 луѓе.
Со тоа бројот на жртви во двете земји достигна 45.472.
Ниту Турција, ниту Сирија не објавија колку луѓе се уште се водат за исчезнати по земјотресот.
Два разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција на 6 февруари, со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините.