297
Нов пожар избувна денеска на грчкиот остров Евија, но јужно од областа каде што претходно големиот пожар, кој сѐ уште тлее, уништи шуми и запали куќи.
Грчката противпожарна служба објави дека четири противпожарни авиони и шест хеликоптери се испратени да го контролираат новиот пожар во централниот дел на Евија, заедно со 23 пожарникари и 10 возила, пренесува агенцијата АП.
Поинтензивниот пожар што избувна на 3 август уништи голем дел од северот на островот, според таа агенција, со проценка дека станува збор за еден од најлошите шумски пожари во историјата на таа земја.
Иако пожарите се вообичаени во Грција за време на топли и суви лета, стотици пожари избувнаа низ целата земја оваа година по невообичаено долг и интензивен топлотен бран.