259
На својот последен настап на 19-те Медитерански игри во Оран, Алжир, 17 годишниот Андреј Стојановски успеа да собори уште два рекорди.
Во дисциплината 50 метри грбно, тој денеска исплива време од 27,71 секунди што претставува нов младински и апсолутен рекорд во оваа дисциплина. Со ова Андреј Стојановски го заврши учеството на Медитерански игри со вкупно соборени три рекорди во две испливани дисциплини. Пред три дена, тој во дисциплината 200 метри градно го собори младинскиот рекорд на Македонија за речиси 2,5 секунди и постигна време од 2,22,42 минути.
Но нема одмор за Стојановски. Тој по враќањето од Алжир, на 16 и 17 јули, ќе настапи на државното првенство што по многу години ќе се одржи на отворениот базен “Биљанини извори” во Охрид.