НОВ РЕКОРД: Спасена жена по 257 часа под урнатините

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

Спасувачите се уште трагаат по можни преживеани од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција пред 10 дена, а две лица денеска беа пронајдени живи откако десет дена поминале во урнатините.

Во провинцијата Караманмарас извлечена е жена (42) која преживеала 257 часа под урнатините, јави „Анадолија“.

На југот на Турција е пронајдена жива тинејџерка (17) која поминала 248 часа заглавена под урнатините.

Во земјотресот во Турција загинаа 36.187 луѓе, додека 108.000 луѓе беа повредени.

Според турската Агенција за вонредни ситуации и катастрофи (АФАД) на терен работат повеќе од 253.000 спасувачи.

Најмалку 216.347 луѓе се спасени од погодените области.

„Анадолија“ наведува дека помошта собрана од арапските земји надминала 370 милиони долари.

Слични содржини