Вчера беше забележан највисокиот дневен број на новозаболени од ковид-19.Направени беа 3.398 тестирања од кои дури 41,3 отсто се позитивни.
Полициски час од 17 или 18 часот
„Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките“, рече премиерот Заев.
Јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за справување со оваа ситуација.
Владиниот портпарол, Мухамед Хоџа на денешната прес-конференција изјави дека сите опции за справување со пандемијата се отворени.
-Сите опции за справување со пандемијата се отворени.Се очекува прво да има седница Советот за безбедност кај претседателот на државата, Пендаровски. Не се исклучува можноста до крајот на неделата владата да одржи седница на која владата би донела и друг мерки за справување со пандемијата за кои јавноста ќе биде информирана, рече Хоџа.
Триесетина млади лекари ќе помагаат во ковид центрите
-Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето за помош и тоа е за огромна почит. Триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника покажаа желба и спремност да се вклучат во работата на ковид центрите и да им помогнат на нашите пациенти. Исто така, денеска разговарав и со младите лиценцирани лекари за нивен ангажман во здравствените установи. До крајот на неделата ќе ги допрецизираме условите за нивно приклучување, напиша на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50 015, бројката на оздравени пациенти е 29 583, на починати е 1 397, а бројот на активни случаи изнесува 19 035.