Нов рекорд во Грција – 269 заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Во Грција се регистрирани 269 заразени со Ковид-19, што е апсолутен рекорд од објавувањето на пандемијата.

Регистрирани се вкупно 7.472 позитивни, починале 232 лица, се зголемува бројот на пациенти на респиратори, а повеќето од пациентите се млади.

Ситуацијата е сè уште најкритична во Атина и околината, со стотина пациенти на ден, а приближно ист број во Солун.

Триесет нови случаи се регистрирани кај туристите, а остатокот од бројот се однесува на грчкото население. Ова го потврдува и заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљас, кој потенцира дека дури 89% од случаите на заразени се регистрирани кај Грците.

Според него, туризмот и отворањето на границите не предизвикале драстично влошување на епидемиолошката состојба, но главната причина е што Грците се опуштија и престанаа да ги почитуваат потребните мерки за заштита.

Слични содржини