Нов силен земјотрес во Турција

од Stefanija Kuzmanovska
100 прегледи

Нов силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Турција. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од градот Гоксун, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуални нови жртви и материјална штета.

Да потсетиме, посилен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала рано денеска ја погоди Романија.

Овој земјотрес беше почувствуван и во Србија и Хрватска.

Слични содржини