222
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погодил Јапонија.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на западниот брег на островот Хоншу на длабочина од 15 километри.
Засега не е познато дали има жртви или материјална штета.
Земјотресот доаѓа нешто повеќе од една недела по силниот земјотрес кој срамни делови од централна Јапонија на први јануари. Бројот на загинати во земјотресот надмина 200, а нешто повеќе од 100 лица се водат како исчезнати, соопштија властите.