275
Според последните информации, во последните 24 часа во Србија биле регистрирани 248 новоинфицирани од 8.684 тестирани примероци, а починале уште 11 лица.
Во моментов има 46 пациенти на респиратори, а 661 заразено лице се лекува во болниците.
Од почетокот на епидемијата до 31 мај, во 15 часот, регистрирани се вкупно 712.472 случаи на ковид-19, а 6.865 лица починале од последиците на вирусот.